
Со големо жалење Стоматолошкиот факултет во Скопје и стоматолошката фела денеска се простуваат од проф. д-р Катарина Дирјанска, редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Стоматолошки факултет во Скопје, која денеска починала ненадејно.
Веста за нејзината смрт беше објавена преку официјално известување, во кое се наведува дека професорката „тивко и ненадејно“ го напуштила светот, оставајќи зад себе бројни генерации студенти, колеги и пријатели.
„Со големо жалење ги известуваме нашите студенти, колеги и соработници на Стоматолошкиот факултет – Скопје, дека денес, на 16.5.2026 година, тивко и ненадејно не напушти и замина проф. д-р Катарина Дирјанска“, стои во известувањето.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 17 мај, во капелата на градските гробишта Бутел, во периодот од 13:30 до 14:30 часот.

Македонски

