Skip to main content

Многумина граѓани дојдоа во Градски парк во Скопје на бесплатни прегледи на бенки, дамки и промени на кожата

Фрипик

Во рамките на ЕУРОМЕЛАНОМА 2026 денеска во Градскиот парк во Скопје се одржуваат бесплатни прегледи на бемки, дамки и сомнителни промени од врвни дерматолози, кои исто така ги советуваат граѓаните за заштита од сонце и препознавање на ризични промени, но и совети за правилна УВ – заштита. До пладне беа прегледани над сто пациенти.

Целта на денешниот настан е промовирање на месец мај како месец посветен на превенција, рано откривање и лекување на кожните карциноми со посебен акцент на малигниот меланом, изјави примариус д-р Зорица Зафировиќ додавајќи дека има многу заинтересирани граѓани за нивната превентивна акција.

Примариус д-р Зафировиќ изрази задоволство што се зголемува свесноста кај граѓаните во однос меланомите и кожните болести.

Ја постигнуваме целта за раното откривање и детекција на какви било сомнителни промени со посебен акцент на кожните карциноми и информираме и ги упатуваме во нашите институции за понатамношен третман. Неколкумина беа реално, рече таа.

Во изминативе години токму преку овие акции се откриени неколкумина болни со канцер на кожа, но лекарите велат дека свеста кај граѓаните е зголемена и оти оние што се сомневаат дека имаат некакви проблеми доаѓаат на кожни прегледи.

Бројот на лицата заболени од меланом секоја година се зголемува, а причината за тоа, како што вели проф. д-р Силвија Дума од Клиниката за дерматологија е тоа што се случува во природата, но и навиките на младите луѓе, како што се солариумите, изложеноста на сонце…

Ние работиме нели на таа превенција за фотопротекција, да укажеме дека таа протекција започнува од нулта година, рече проф. д-р Дума. Според неа, се поретки се случаите пациенти да се јавуваат доцна на преглед кај нив.

Меланомот и останатите форми на рак на кожа може да се појават кај секого, но кога се окриваат навреме, шансите за успешно лекување се значително поголеми.

Во рамки на ЕУРОМЕЛАНОМА 2026 бесплатни прегледи се организираа и во државните и приватни болници и здравствени домови.

МИА

Поврзани вести