
Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска избира нов претседател и ново раководство.
Изборот ќе се направи во рамки на годишното собрание што ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје, а гласањето за претседател и членови на Управниот одбор, Уметничкиот совет и Надзорниот одбор ќе биде тајно.
На собранието ќе биде разгледан и извештајот за работата на претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева-Чупоска и на органите на Друштвото на ликовни уметници.

Македонски

