Skip to main content

Почина новинарката Гордана Дувњак

Фејсбук профил на Гордана Дувњак

По долго боледување на 61-годишна возраст почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството.

Својата новинарска кариера Дувњак ја започна во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следува долгогодишниот ангажман во „Утрински весник“, каде работеше како новинарка и уредничка во периодот од 1999 до 2017 година.

Професионалниот пат го продолжи во порталот „Макфакс“ во 2017 година, а една година подоцна стана дел од телевизијата „1ТВ“, каде исто така извршуваше уредничка функција. Од 2019 година работеше во неделникот „Фокус“.

Погребот ќе се одржи утре (среда) во 11 часот во капелата во Бутел, а во 12 часот на гробиштата во Бутел.

Поврзани вести