Skip to main content

По 20 години се менува дизајнот на еврото: Новата серија ќе задржи шест апоени, од пет до 200 евра, додека банкнотата од 500 евра нема да се враќа во оптек

Се приближува важен момент во процесот што ќе доведе до нов изглед на евро банкнотите. На крајот од април годинава истекува рокот на меѓународниот конкурс за дизајн на идната серија, со што започнува клучната фаза на промената која во наредните години ќе биде видлива во секојдневниот живот на граѓаните ширум Европа.

Промената има за цел да го освежи изгледот на банкнотите по повеќе од две децении од нивното воведување, при што ќе се задржат високите стандарди за безбедност, достапност и еколошка одржливост.

Еврото беше воведено во оптек на 1 јануари 2002 година, а првата поголема промена следеше со серијата „Европа“, која постепено се воведува од 2013 година, со подобрени материјали и заштита од фалсификување. Сега се оди чекор понатаму.

Уште во 2021 година беше најавено дека дизајнот ќе биде модернизиран, со цел банкнотите подобро да го одразуваат современиот европски идентитет. Идејата не е само естетска – целта е парите да бидат симбол на заедничките вредности и разновидноста на земјите.

Новата серија ќе задржи шест апоени, од пет до 200 евра, додека банкнотата од 500 евра, која веќе е повлечена поради безбедносни причини и ретка употреба, нема да се враќа во оптек.

Поврзани вести