Skip to main content

Обвинителката Наташа Крстевска- Целева повторно е на чело на Вишото скопско обвинителство

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева од денеска повторно ќе биде привремен шеф на Вишото скопско обвинителство, бидејќи доцни изборот на Виш јавен обвинител.

Советот донесе одлука за определување на јавниот обвинител Наташа Крстевска Цалева за вршител на функцијата Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје сметано од 12.06.2026 година, па се до изборот на Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, а најмногу за 6 месеци, согласно чл.25 ст.3 од Законот за јавното обвинителство, велат од Советот на јавните обвинители.