Skip to main content

78-годишен тетовец ја претепал сопругата: Таа завршила во болница, тој во притвор

Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(78) од Тетово.

Од МВР информираат дека 78-годишниот тетовец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Тој бил задржан во полициска станица и против него била поднесена соодветна пријава, по што бил изведен пред надлежен судија кој му определил осумдневна мерка притвор.

„Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката“, посочија од МВР.

Поврзани вести