
Симос Папанас, директорот на Солунската филхармонија на денешната прес конференција по повод изведбата на Кармина Бурана на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје од страна на трите филхармонии од Скопје, Софија и Солун, се осврна на почетоците и како почна ова заедничко патување на музичарите од регионот.
-Оваа иницијатива ја започнавме пред три години и најпрво му ја претставивме на министерот за култура на Грција кој безрезервно ја прифти и ја поддржа. Идејата беше да изградиме мостови на соработка меѓу уметниците на Балканот. Веруваме дека имаме голем потенцијал и талент на Балканот, но за жал делот кој ни недостига е што не научивме да работиме заедно. И мораме да научиме и да го смениме тоа. Би сакал со вас да го споделам мојот сон, а тоа е дека посакувам Балканот да стане главен културен двигател во регионот и еднакво да биде важен кога музичарите ќе одат на Балканска турнеја, исто како да одат на турнеја во Германија. И секако да се поддржуваме меѓу себе и да учиме едни од други. Првиот чекот кој го презедовме во овој проект беше да се пристапи на Софиската филхармонија, бидејќи до нив имаме потесна соработка меѓу музичарите. Кога разговаравме со Најден Тодоров, директорот на Софиската филхармонија тој предложи проектот да се прошири и со учество на Македонската филхармонија и тогаш контактот го направи Симон Трпчески и многу сум му благодарен за тоа бидејќи помогна ова да стане реалност, рече Папанас и посочи дека ова е едно од неговите најубави искуств а во животот.
Папанас ги поздрави присутните на македонски јазик на почетокот и рече дека овој концерт на 20 јуни не е крај на патувањето, туку е потврда на тоа колку бевме во право кога ја започнавме оваа иницијатива.
-Во овој турбулентен свет нашата мисија како уметници е да покажеме дека можеме да соработуваме наспроти сите случувања што се трудат да не разделат. За нас е многу полесно да ставиме двајца музичари на еден пулт, токолку дваја политичари на иста маса, рече Папанас.

Македонски



