
Ана Дурловски е од самиот почеток дел од проектот кој ги обединува Филхармониите на Софија Солун и Скопје и на денешната прес конференција која се одржа во пресрет на изведбата на Кармина Бурана во Градскиот парк во Скопје на отворено на 20 јуни, посочи дека кога станува збор за културната дипломатија, токму овој проект е вистинскиот одговор за тоа што можеме да добиеме и колку терба да работиме за да ја искористиме оваа алатка за да се поврземе.
-Ние градиме мостови таму каде што политичарите ставаат граници. Од сесрце се радувам што ќе дојдат во Скопје нашите пријатели следната недела. Можам да потврдам дека во изминатиов период создадовме едно вистинско пријателство и сакам да повикам оваа соработка да продолжи и понатаму, рече Дурловски и посочи дека не очекува величенствен концерт и уникатно доживување следниот викенд.

Македонски



