Skip to main content

Зеленски прави промени во своето опкружување: Предложи смена на украинската премиерка, Јулија Свириденко

Facebook / Володимир Зеленський

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека предложил смена на премиерката Јулија Свириденко.

Благодарен сум ѝ на Јулија за нејзината јасна, доследна и ефикасна работа на функцијата премиерка, како и за годините на нејзината продуктивна работа во тимот на Украина, а ѝ понудив можност да раководи со нова и важна област во односите со клучен партнер“, наведе Зеленски на Х.

Тој истакна дека очекува оти ќе бидат спроведени соодветни промени во Владата на Украина.

Украина ја менува својата политичка стратегија. Секоја приоритетна област од надворешната политика ќе биде доделена на одредено лице со значително искуство, кое е способно да го спроведе она за што ќе се договориме на ниво на лидери и она што го очекува украинскиот народ. Најважните од овие области ги вклучуваат Соединетите Американски Држави и нашите договори за лиценци за производство на системите ’Патриот‘, како и другата билатерална безбедносна соработка која мора да се преточи во јасни придобивки за нашите земји и за украинските и американските компании“, нагласи Зеленски.

Тој исто така наведе дека на Украина ѝ е потребен јасен напредок кон членството во ЕУ.

Поврзани вести