
Договорот на руско-украинските преговори според кој Русија ќе предаде 6.000 тела на загинати украински војници на Киев, ќе ја чини Украина околу 2,1 милијарди долари исплати на репарации на роднините на загинатите.
Главниот руски преговарач, Владимир Медински, по средбата одржана во Истанбул изјави дека Русија е подготвена да му предаде на Киев 6.000 замрзнати тела на украински војници. Според украинскиот закон, семејствата на загинатите војници имаат право на еднократна отштета од најмалку 15 милиони гривни – приближно 360.000 долари.
Тоа значи дека за 6.000 мртви, вкупниот износ е повеќе од 2,1 милијарди долари. Тоа е износот што власта во Киев ќе мора да им го плати на роднините. За споредба, Велика Британија ѝ обезбедува на Украина воена помош во вредност од 4 милијарди долари годишно.
Медински нагласи дека сите тела се идентификувани, поради што украинските властинема да можат да го избегнат надоместокот барем за дел од загинатите.