
Бројот на загинати во поплавите во југоисточен Бразил се искачи на 36, соопштија властите на бразилската сојузна држава Минас Жераис.
Противпожарната служба на Минас Жераис соопшти дека 33 луѓе се водат како исчезнати, а поради надојдената вода околу 3.000 жители биле принудени да ги напуштат своите домови.
Метеоролозите најавуваат нови обилни дождови наредните денови, поради што се стравува дека ќе предизвикаат дополнителни свлечишта.
Во градовите Жуиз де Фори и Уба улиците се прекриени со кал, а училиштата се затворени.
Градоначалничката на Жуиз де Форе, Маргарида Саломао изјави дека од понеделникот, кога почнаа обилните дождови, регистрирани се најмалку 20 свлечишта.

Македонски



