
Владата на Шпанија денеска го утврди предлог-законот за општо намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа.
Околу 12,5 милиони работници во приватниот сектор со полно и скратено работно време во приватниот сектор ќе имаат корист од намалувањето, за кое Министерството за труд очекува да се зголеми продуктивноста и да се намалат отсуствата од работа.
– Намалувањето, кое веќе важи во државните служби и во некои сектори од економијата, првенствено ќе им користи на вработените во малопродажбата, производството, угостителството и градежништвото, изјави шпанската министерка за труд Јоланда Дијаз.
За предлог-законот треба да се гласа во Парламентот, но владејачката левичарска коалиција нема доволно гласови. Предлогот е поддржан од главните синдикати, но не и од здруженијата на стопанствениците.
Шпанија има 40-часовна работна недела од 1983 година, кога беше намалена од 48 часа.