Skip to main content

Украина се повеќе увезува индиски нафтени производи направени со преработка на руски енергенси

Freepik

Украина нагло го зголемила увозот на нафтени производи од Индија, кои се произведуваат со преработка на руски суровини.

Во првите седум месеци од 2025 година, уделот на индиското гориво на украинскиот пазар достигна 10,2%, што е пет пати поголемо од минатогодишната бројка.

Овие бројки доаѓаат во време кога САД воведуваат дополнителни 25% царини против Индија за купување нафта од Русија.

Украина, исто така, добива нафтени производи од Словачка и Унгарија. Сепак, како што најави словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар, по нападите врз нафтоводот „Дружба“, официјален Киев може да остане без словачки дизел.

Поврзани вести