Skip to main content

Турција почнува со изградба на космодром во Сомалија

Турција почна проект за изградба на космодром во Сомалија. Претседателот на оваа африканската земја, Хасан Шеик Махмуд, истакна дека овој проект ќе помогне да се отворат работни места и да се зголеми државниот буџет.

Изградбата на космодромот се проценува на 6 милијарди долари. Исто така, Обединетите Арапски Емирати може да бидат еден од инвеститорите.

Географската локација на Сомалија е идеална за тестирање на балистички ракети и изградба на космодром

Јас лично верувам дека важноста од воспоставување локација за лансирање на турските сателити во Сомалија е уште поголема од милијардите долари и можностите што ќе ги донесе овој проект“, изјави сомалискиот претседател.

Турција е една од ретките странски сили што ги зајакнува врските со Сомалија. Во текот на изминатата деценија, Турција го прошири своето влијание во земјата преку соработка во различни области и инфраструктурни проекти. Таа е вклучена и во посредување меѓу владата во главниот град Могадишу и лидерите на полуавтономниот регион, Сомалиленд.

Покрај тоа, Турција влијаеше за помирување меѓу Етиопија и Сомалија. Истовремено, Турција поседува воена база во Сомалија, како и право да истражува и експлоатира нафта и гас во територијалните води на Сомалија во замена за воена заштита.

Поврзани вести