
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање околу затворањето на Одделот за имунологија на Клиниката за детски болести во Скопје, упати серија прашања до директорот на Клиниката.
Ако барањето од Детската клиника е пристигнато на 22 јануари, тогаш како тие доктори и вработени доаѓале на работа претходните 22 дена? Кој ги повикувал на работа ако немале регулиран статус? Такви работи требало да се обезбедат уште пред Нова година- изјави министерката.
Таа посочи дека институциите имаат законски рокови за постапување по барањата и повика јавноста да побара дополнителна документација од надлежните.
Побарајте ги документите од архивите. Нека покажат колку согласности добиле во април, кого тогаш вработиле и кои лица останале без трајно вработување. Кои 38 лица се вработени, нека кажат кои се тие лица- рече Димитриеска-Кочоска.
Министерката нагласи дека во буџетот евидентно е зголемување на ставката за плати за 1,1 милијарда денари, додавајќи дека од институциите било побарано рационализирање на трошоците до пет проценти.

Македонски



