Skip to main content

Трамп го покани кинескиот претседател да дојде во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп на приемот во Пекинг наздрави за блиските и историски врски помеѓу САД и Кина. Тој средбите во Пекинг ги оцени како исклучително позитивни и продуктивни и му се заблагодари на кинескиот претседател Си Џинпинг на големата чест и величествена церемонија за добредојде.

Според Трамп односот помеѓу САД и Кина е „еден од најзначајните во светската историја“. Тој потенцира дека двете земји имаат „многу заеднички работи“ како што се „напорна работа“, „храброст“ и „достигнување“.

Светот е посебно место кога ние двајцата сме обединети и заедно“, посочи Трамп.

Тој го покани кинескиот претседател да ги посети САД на 24 септември.

Претходно, Си изјави дека Кина и САД треба да бидат партнери, а не соперници.

И кинескиот и американскиот народ се големи народи. Остварувањето на големата преродба на кинеската нација и враќањето на величината на Америка можат да одат рака под рака“, наведе Си.

Тој додаде дека двете држави можат да работат за општото добро.

Можеме да си помагаме едни на други да успееме и да придонесеме за благосостојбата на целиот свет. Нашите две земји треба да бидат партнери, а не соперници“, истакна Си. 

Поврзани вести