Skip to main content

Набљудувачите на ОБСЕ за судски постапки за организиран криминал и корупција на средба со Савески

Претставниците на Регионалниот проект на ОБСЕ за мониторинг на судски постапки од областа на корупцијата и организираниот криминал остварија средба со државниот јавен обвинител Ненад Савески, со кого разговараа за областите во кои овој проект ја следи и поддржува работата на обвинителството.

Државниот обвинител, информираат од ОЈО, им се заблагодари за досегашните активности, нагласувајќи ја особената важност на присуството на стручната јавност и набљудувачите во судницата.

На средбата пред јавниот обвинител Савески беа изнесени препораките од извештајот на овој проект кои се однесуваат на Јавното обвинителство, а преставниците на Проектот во земјава се запознаа со активностите за јакнење на транспарентноста и за дигитализација на Јавното обвинителство.

Проектот за мониторинг на судските постапки во Западен Балкан следи 70 судски процеси во земјава, од кои 54 се водат по поднесени обвиненија за корупција и 16 за организиран криминал.

Поврзани вести