Skip to main content

Словачка ќе ги блокира новите санкции кон Русија до поправање на нафтоводот „Дружба“

wolfgang-weiser-on-unsplash

Шефот на словачката дипломатија, Јурај Бланар, изјави дека Словачка ќе ги блокира новите санкции на Европската Унија против Русија доколку не добие гаранции за испорака на нафта преку нафтоводот „Дружба“.

Словачка и Унгарија, кои се во голема мера зависни од руската нафта, ја обвинија Украина дека се обидува да ја одложи поправката на нафтоводот.

Доколку нафтоводот ’Дружба’ не биде оперативен до одобрувањето на 20-тиот пакет санкции ние нема да го одобриме. Немаме друг начин да ги принудиме украинскиот претседател Володимир Зеленски и Европската комисија да ја поправат „Дружба““, им рече министерот на словачките пратеници.

Нафтоводот „Дружба“ испорачува нафта за Словачка и Унгарија, две земји без излез на море.

Словачкиот премиер Роберт Фицо и неговиот унгарски колега во заминување, Виктор Орбан, го обвинија украинскиот претседател за „уцена“ во врска со повторното отворање на нафтоводот.

Орбан стави вето на заемот од 90 милијарди евра од ЕУ за Украина, предизвикувајќи негодување кај неговите европски партнери откако првично го поддржа заемот.

Бланар увери дека Словачка нема да го блокира заемот за Украина и покрај тензиите околу нафтоводот „Дружба“.

Поврзани вести