
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „до крајот на април, гасоводот „Дружба“ ќе биде поправен и ќе продолжи со работа“.
Ваквата изјава на Зеленски доаѓа непосредно по парламентарните избори во Унгарија, на кои загуби досегашниот премиер Виктор Орбан, за кого, токму испорачувањето гас преку „Дружба“ беше услов Унгарија да стави параф на европскиот заем од 90 милијарди долари за Украина.

Така, сега кога Орбан ги загуби изборите и на чело на Унгарија дојде Петер Маѓар, за кого се коментира дека ќе биде поусогласен со политичките линии на Брисел, меѓу кои и одблокирањето на парите за Украина, Зеленски соопшти дека „гасоводот ќе биде ставен во функција“, со што се отстранува причината поради која Орбан го блокираше трансферот на средства.

Македонски


