
Во февруари годинава 48.654 туристи оствариле 94.652 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број туристи во февруари, 32.6 проценти се домашни, а 67.4 проценти странски.
Најмногу странски туристи во февруари имало од Турција, 5.011, по што следуваат Грција, 3.523, Србија, 3.278, Германија, 2.181,…
Бројот на ноќевањата во февруари 2026 година изнесува 94.652, од кои 38.1 проценти се од домашните туристи, а 61.9 процент од странските туристи.
Во периодот јануари-февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 проценти, односно кај домашните туристи има зголемување за 5.1 проценти, а кај странските има зголемување за 6.5 проценти.
Кај вкупниот број на ноќевањата, во периодот јануари – февруари годинава во однос на истиот период од претходната година, има намалување за 1.6 проценти, при што кај домашните туристи има намалување за 0.2 проценти, а кај странските за 2.6 проценти.

Македонски


