
Постои растечки тренд што го зафаќа целиот свет, а тоа не е она што обично би го сметале за естетски пријатно, пишува Euronews Travel. и додава- влегуваме во: бруталистичка архитектура.
Голите згради каде доминира бетон што се појавија во повоениот период не ги спречи туристите да се собираат во поранешните социјалистички земји во потрага по нив, пишува магазинот и посочува дека Скопје е град кој профитира од овој тренд.
По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој беа уништени 80% од зградите во градот, архитекти од целиот свет се потрудија да помогнат во напорите за обнова, што доведе до разновиден спектар на бруталистички стилови кои живееја во хармонија едни со други.
Туристите најчесто ги разгледуваат градбите преку пешачка тура низ бруталистичкото Скопје која ги вклучува објектите кои скопјани ги поминуваат речиси секојдневно, често без да ги погледнат како архитектонски приказни. Меѓу нив е зградата на МАНУ, која иако припаѓа на бруталистичкиот израз, носи инспирација од јапонски храмови. Тука е и Градскиот трговски центар, кој не е само зграда, туку едно од ретките живи урбани јадра на градот. А тука е и Поштата, еден од најпрепознатливите и најспектакуларни примери на скопскиот брутализам.

Македонски

