Skip to main content

По седум години, во Археолошкиот музеј повторно се враќа постојаната музејска поставка на нумизматичката збирка

По седум години, во Археолошкиот музеј повторно се враќа постојаната музејска поставка на Нумизматичката збирка, сведоштво за економијата, моќта, уметноста и секојдневниот живот низ повеќе од два и пол милениуми.

Во новата поставка се изложени околу 2.500 примероци на монети, хронолошки распоредени од VI век пр. н.е., односно од околу 530 година пр. н.е., па сѐ до XX век. Преку ретки и значајни примероци, посетителите ќе можат да го проследат развојот на ковањето монети, политичките промени и културните влијанија на просторот на Македонија и пошироко.

Во моментов се работи на финалните подготовки за отворањето, а дел од таа атмосфера ви пренесуваме и низ овие фотографии.

Отворање: 18 мај, 19:00 часот

По повод Меѓународниот ден на музеите

Ве очекуваме повторно да ја откриеме приказната што со векови ја раскажуваат монетите.

Поврзани вести