Skip to main content

Силен ветер со брзина над 80 километри на час во текот на ноќва и утре претпладне

Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен ветер со брзина над 80 километри на час во текот на ноќта и утре претпладне.

Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има и врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат и над 15 l/m2.

Во Скопје, ќе дува умерен до засилен ветер од променлив правец со температура значително над просекот за овој период од годината. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд.

Поврзани вести