Skip to main content

Бернардо Силва го напушта Манчестер сити

Facebook / Bernardo Silva

Премиерлигашот Манчестер Сити објави дека Бернардо Силва ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Силва ја потврди информацијата во објава на својот Инстаграм профил.

Кога пристигнав пред девет години, го следев сонот на едно момче кое сакаше да успее во животот. Овој град и клубот ми дадоа многу повеќе од тоа. Сè што успеавме да постигнеме заедно е наследство кое ќе го негувам засекогаш“, објави Силва.

Силва му се приклучи на Сити во 2017 година од Монако и за девет години одигра 451 натпревари и влезе меѓу десетте фудбалери со најмногу настапи за клубот.

За неколку месеци ќе дојде време да се збогувам со градот каде што, не само што освоивме многу како клуб, туку и каде што основав семејство. Му благодарам на клубот, Пеп (Гвардиола) и на сите мои соиграчи во изминатите девет години за спомените. Ве сакам сите“, порача Силва.

Португалецот освои 19 трофеи со Сити, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампиони, еден Суперкуп на УЕФА и едно Светско клупско првенство на ФИФА.

Поврзани вести