
Центарот за стратешки истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонска академија на науките и уметностите
и Сојуз на економистите на Македонија, во соработка со Балкански институт за вера и култура организираат ПРЕДАВАЊЕ И ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА „ЕКОНОМИЈА НА ЗАЕМНОСТА: РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА ПАРАДИГМА“
Предавач: д-р Џеј Јакуб, Извршен директор на „Economics of Mutuality Foundation“. Д-р Џеј Јакуб е еден од водечките современи мислители во областа на редефинирањето на економската парадигма и улогата на бизнисот во општеството. Докторирал на Универзитетот University of Oxford, а денес ја раководи *Economics of Mutuality Foundation* – меѓународна иницијатива посветена на трансформација на начинот на кој компаниите создаваат, мерат и разбираат вредност.
Неговото гостување во Македонија е дел од програмата „Конекција Оксфорд“ на Балканскиот институт за вера и култура. Концептот „Економија на заемноста“ ја поставува „целта“ како централна категорија во современиот бизнис и нуди интегрирано разбирање на вредноста преку финансискиот, човечкиот, социјалниот и природниот капитал.
Преку воведувањето на концептот „меѓусебен профит“, овој пристап нуди конкретни алатки и модели за примена во современите економски и општествени контексти.
Во време кога традиционалните економски парадигми сè почесто се преиспитуваат, ова предавање претставува ретка можност за продлабочена анализа, отворена дискусија и размена на идеи и искуства околу иднината на економијата, бизнисот и општествената одговорност.
ПО ПРЕДАВАЊЕТО СЛЕДУВА ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА ★
Вашите прашања, коментари и размислувања се добредојдени.
## 📍 Амфитеатар на Македонската академија на науките и уметностите
## 📅 27 мај 2026 (среда)
## 🕛 12:00 часот

Македонски


