Skip to main content
Има многу повеќе загинати отколку што објавува Киев

Ширум Украина се градат нови воени гробишта за да може да се закопаат загинатите војници

luaks-johnns-from-pixabay
luaks-johnns-from-pixabay

На украинските гробишта каде што се погребуваат загинатите војници од украинските сили снемува место. Како што објавува францускиот весник „Ле Монд“, поради тоа, украинските власти сега се принудени да градат нови воени гробишта низ целата земја бидејќи постојните се веќе полни.

Едно од најголемите нови гробишта во Украина се планира да се отвори во близина на Киев – во селото Хатне. Првиот дел на оваа локација е дизајниран за 10 илјади гробови, а целиот погребен простор ќе може да прими до 160 илјади.

Според новинарите на весникот, недостатокот на простор на гробиштата може да укажува на многу поголеми загуби на украинската армија отколку што официјално наведуваат властите во Киев.„Ле Монд“ пишува дека властите го кријат вистинскиот број на жртви.

Во текстот се посочува дека и во Лвов веќе се подготвува проект за проширување на воените гробишта. Новинарите забележуваат дека овие планови не се совпаѓаат со нискиот број на жртви што го објави претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Поврзани вести