
Турција го распоредува носачот на беспилотни летала ТЦГ Анадолу во Балтичкото Море. Командата на здружените сили на НАТО во Брунсум, Холандија објави дека бродот ќе биде распореден покрај брегот на Летонија како дел од операцијата Источна стража.
Според алијансата, ТЦГ Анадолу се префрла во воздушната команда на НАТО и ќе се користи за подобрување на воздушниот надзор и одбраната долж источната граница на блокот. НАТО нагласува дека ова е демонстрација на нејзината подготвеност за зајакнување на сојузничката безбедност во регионот.
Во објава на социјалните медиуми, командата го нарече распоредувањето „јасен сигнал кон исток“ и забележа дека ТЦГ Анадолу е најголемиот брод во силите што учествуѕваат во „Steadfast Dart 26“.

Македонски



