Skip to main content

Ранетите руски војници одат на рехабилитација во санаториуми во Cеверна Кореја

Рускиот амбасадор во Cеверна Кореја, Александар Мацегора, изјави дека ранетите руски војници ќе бидат испраќани на рехабилитација во севернокорејски санаториуми. Амбасадорот додде дека, покрај тоа, деца на загинатте војници го посетиле детскиот рекреативен камп Сондовон на брегот на Јапонското Море.

Чист пример за таков братски став е рехабилитацијата на стотици ранети војници во корејските санаториуми и болници. Минатото лето, најдобриот детски рекреативен центар во КНДР, Сондовон, на брегот на Јапонското Море, прими деца чии татковци херојски загинаа на бојното поле. Згора на тоа, третман, нега, храна, сè што е поврзано со престојот во КНДР, сето тоа беше апсолутно бесплатно. И кога им понудивме да им надоместиме на пријателите барем за дел од нивните трошоци, тие беа искрено навредени и не замолија никогаш повеќе да не го правиме тоа“, изјави рускиот амбасадор.

Ваквата соработка меѓу двете земји е дел од повеќеслојниот договор за партнерство што го потишаа лидерите на двете држави.

Поврзани вести