Skip to main content

Путин ги осуди обидите за ревидирање на историјата на Втората светска војна

Фото: Принтскрин

Претседателот на Русија, Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги осуди обидите на Западот за повторно пишување на историјата на Втората светска војна.

– Двете страни ја нагласија својата решеност да ја одржат вистината за настаните од Втората светска војна и да се спротивстават на обидите за ревидирање на нејзините резултати и фалсификување на историјата, се наведува во соопштението на Кремљ.

Во телефонскиот разговор било потенциран и „одлучувачкиот придонес на Црвената армија и на советскиот народ како целина во поразот на нацизмот“.

Путин често ги обвинува западните земји за историски ревизионизам и обид да се минимизираат улога на СССР во победата над нацистичка Германија.

За време на Втората светска војна во поранешниот Советски Сојуз загинаа повеќе од 20 милиони луѓе.

Путин и Нетанјаху разговараа и за билатерални прашања и за различните аспекти на ситуацијата на Блиски Исток. 

Поврзани вести