
Повеќе од половина од младите Германци не ја гледаат својата иднина во својата татковина, покажуваат податоците од најново истражување.
Според студија на Здружението „Die Familienunternehmer“, 54% од младите сакаат да одат и да градат кариера во странство, што ќе го влоши недостигот од квалификувани работници и демографските проблеми во Германија.
Според истражуваето, од една страна, нарушена е довербата во работењето за државата и нејзината ниска ефикасност во однос на соодносот цена-квалитет, а од друга страна, недостига реален економски раст.