
Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хокул, прогласи вонредна состојба во округот Сафолк поради пожарот кој ја зафати популарната дестинација Лонг Ајленд. Пожарот не попушта, а силниот ветер го отежнува гаснењето на огнената стихија која, според прогнозите, ќе продолжи да се шири до доцните вечерни часови.
„Сите мерки се преземени и координираме со локалните органи и Њујоршката Национална гарда за да ја обезбедиме безбедноста на нашите граѓани. Пожарот е сериозен, но ние ќе направиме се што е во наша моќ за да го спречиме неговото натамошно ширење“, изјави Хокул на прес-конференција.
Според извештаите, патиштата на Лонг Ајленд се затворени поради густата магла и чад што се шири над островот. На местото на настанот се наоѓаат хеликоптери кои обезбедуваат воздушна поддршка за гасење на пожарот, додека жителите се на готовс и подготвени за евакуација ако е потребно.