Skip to main content

На „Ќафасан“ приведено лице од Албанија кое се однесувало недолично кон полициските службеници

Фото: Freepik

На 19 јуни 2026 година, во 16:05 часот, на Граничниот премин „Ќафасан“, при влез во Република Македонија, полициски службеници лишиле од слобода 40-годишно лице од Република Албанија, поради недолично однесување кон полициските службеници при вршење на службени дејствија.

– Лицето било предадено во Полициската станица Струга за понатамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира Министерството за внатрешни работи.

Поврзани вести