
Македонскиот кошаркар репрезентативец Андреј Митревски кариерата ќе ја продолжи во САД. За следната сезона потпиша соработка со Универзитетот Пацифик од Стоктон.
Екипата на овој Универзитет настапува во конференцијата Вест Коуст, една од поквалитетните универзитетски конференции во американската НЦАА. Во истата конференција е и Вашингтон Стејт, за кого до пред некоја сезона настапуваше македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски.
Митревски има 22 години, кариерата ја почна во скопскиот клуб Феникс, а потоа настапуваше во најквалитетното натпреварување за екипите на ТФТ и последната сезона за Пелистер.
Митревски беше член на сите младински репрезентации, а сега е дел од сениорскиот тим.

Македонски



