
На 20.08.2026 во 22:31 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Филип втори“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ светиниколски регистарски ознаки управувано од Љ.Д.(68) од Свети Николе и мотоцикл „хонда“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од С.П.(30) од с.Преод, светиниколско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговата сопатничка В.С.(22) од Свети Николе, констатирани во болницата во Штип, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе, при што е констатирано дека возачот на патничкото возило „пежо“ е под дејство на алкохол, односно дека има 1,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонски


