Skip to main content

Зеленски ги казни и „Маша и Медо“

Украинскиот претседател Украина Володимир Зеленски потпиша четири декрети со кои се спроведуваат одлуките на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Меѓу санкционираните се претпријатија од рускиот воено-индустриски комплекс, компании поврзани со „Русал“, како и анимираната серија „Маша и медо“.

Ограничувања се воведени за студиото „Анимакорд“, кое ја создаде серијата, и за пет руски државјани. На листата се наоѓаат основачот и извршниот директор на студиото, сценаристот, коавторот или копродуцент и носителот на авторските права.

Советот за национална безбедност и одбрана соопшти дека „серијата шири проруски пораки преправени како содржина за деца“ и претставува закана за националната безбедност на Украина.

Поврзани вести