
Автомобилот на придружбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше гаѓан со јајца за време на неговата посета на Даблин, каде што пристигна на самитот на Европската политичка унија.
Инцидентот го откри новинарот на британскиот „Скај њуз“, Стивен Мерфи, кој објави видео од возило со видливи траги од јајца на каросеријата.
Мерфи се огласи на социјалната мрежа X за да покаже како изгледал еден од автомобилите од претседателската колона по пристигнувањето на својата дестинација, коментирајќи дека возилото пристигнало „во малку валкана состојба“.

Македонски



