Skip to main content

Предјадење кое ќе ја украси вашата трпеза: Вкусни полнети јајца

Magnific

Кремасто предјадење кое ќе ја украси секоја трпеза.

 Состојки:

  • 4 тврдо варени јајца
  • 1 пилешка паштета
  • 1 лажица мајонез
  • 3 лажици  павлака
  • 25 грама сушени домати во масло
  • 1 лажица сецкан магдонос 
  • перца од свежо кромитче

Подготовка:

Јајцата сварете ги тврдо и излупете ги. Сварените јајца пресечете ги на пола, а потоа внимателно извадете ги жолчките. Ставете ги жолчките во сад, додадете паштета, мајонез, павлака, сецкан магдонос и ситно сецкано суво доматче. Сè добро измешајте за да добиете мазна смеса.

Подготовената смеса ставете ја во вреќичка за торти и наполнете ги половинките од белките.Сервирајте добро изладено и посипете со перца од свежо кромитче.

Поврзани вести