
Нов пораз на најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка, која денеска во полуфиналето загуби со 2-1 во сетови од Американката Џесика Пегула. Сабаленка успеа да се врати во мечот откако го загуби првиот сет со 6:4 во гемови, а во вториот беше поуспешна со 7:6 (7-4 на поени). Сепак во решавачкиот сет тенисерката од Белорусија повторно не освои ниту еден гем, а Пегула сетот го заврши со 6:0.
Нејзина ривалка во утрешното финале ќе и биде Линда Носкова од Чешка, која со 2-0 во сетови ја совлада Александра Еала од Филипини со 6:2 и 6:4 во гемови.
Сабаленка беше поразена во четвртфиналето на Ролан Гарос од Дијана Шнајдер и на тој меч решавачкиот сет го загуби со 6:0 во гемови.

Македонски



