Skip to main content

Авторска колекција на Зоран Кардула по повод 30-годишниот јубилеј на „Фолтин“

Битолскиот бенд „Фолтин“, во годината кога одбележува 30 години кариера, ја промовира авторската колекција облека „Фолтин гардеробер“, направена во соработка уметникот Зоран Кардула.

Овојпат музиката ја гледаме, ја допираме, ја носиме и ја поттикнуваме да патува во нова форма“, велат од „Фолтин“.

Од бендот додаваат дека „Фолтин гардеробер“ не е само колекција облека, туку поинаков начин музиката да продолжи да се споделува и надвор од сцената. Фотографиите за првата колекција ги носат млади луѓе, со идеја да се покаже како музиката се пренесува меѓу генерациите и добива нови форми.

„Фолтин“ годинава одбележува три децении концерти, патувања, средби со публиката и музика, а јубилејот ќе го прослави со концерт на 29 август во Хераклеја во Битола, од 20 часот.

Билетите за овој јубилеен концерт се веќе достапни во продажба преку мрежата на MkTickets.

Поврзани вести