
Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира зошто покрај македонската не е изведена и албанската химна на вчерашниот фолклорен настан во Пустец – „Преспа 2026“, на кој присуствуваше и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.
Во соопштението за медиумите, Министерството вели дека иако настанот бил организиран од локално здружение, присуството на високи институционални претставници и локални избрани функционери му давало посебна јавна димензија.
„Во овој контекст, неизведувањето на албанската државна химна претставува сериозен пропуст и отстапување од пишаните и непишаните правила на учтивост и протокол, кои бараат и наложуваат почитување на националните симболи, покрај оние на заедниците што ги претставуваат“, се наведува во соопштението.

Македонски


