Skip to main content

Петмина убиени, 13 ранети во ноќешните руски напади врз областа Запорожје

Пет лица загинаа, а 13 се ранети во ноќешните руски напади врз Запорошката област.

Началникот на регионалната воена администрација, Иван Федоров, соопшти дека во изминатото деноноќие врз областа биле извршени вкупно 846 удари, врз 50 населени места. Од нив, според Федоров, 34 воздушни напади биле насочени кон градот Запорожје и повеќе населени места во регионот.

Во нападите биле употребени и 568 беспилотни летала од различни типови, насочени кон повеќе од 30 населени места, вклучително и села на линијата на фронтот и станбени области. Руската војска извела и четири напади со повеќецевни ракетни фрлачи и 240 артилериски удари врз градови и села низ целата област.

Најсмртоносни биле нападите врз градот Запорожје и околината, каде загинале пет лица, а 13 биле повредени.

Федоров додаде дека регионалните власти примиле 113 пријави за оштетени станбени објекти, возила и објекти од критичната инфраструктура.

Поврзани вести