
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека власта во Украина сака да ја продолжи војната за да извлече сè повеќе пари од Европа.
Украинците веруваат дека е од витално значење за нив да ја продолжат војната. За нив, продолжувањето на војната е прашање на живот и смрт, не само заради победа во војната, туку и за нивната економија. Бидејќи ако нема војна, кој ќе им даде пари? Украина добива пари сè додека трае војната“, изјави Орбан..
Тој додае дека Украинците веруваат оти војната треба да се искористи за постигнување цели што одат подалеку од самата војна и се однесуваат на иднината на земјата. Како пример, Орбан наведува дека тое е желба да се извлечат што е можно повеќе пари од Европејците.
Тоа е сега можно. Сега можат да побараат овие 90 милијарди, потоа следните 700 и 800. Денес, овој украински пристап ужива поддршка во Европската Унија, со исклучок на Унгарија, Чешка и Словачка. Нашите три држави не го поддржуваат“, истакна Орбан.

Македонски



