Skip to main content

Не бидете слаби и глупави, побара Трамп од Американците

Trut

Царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп ги погодија светските берзи, ја намалија цената на нафтата, а аналитичарите стравуваат дека тоа може да доведе до високи цени и слаба побарувачка, а потенцијално и до глобална рецесија.

Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth) им се обрати на Американците и ги повика да бидат „силни“ и да не бидат „паниканци“.

САД имаат можност да направат нешто што требаше да го направат пред ДЕЦЕНИИ. Немојте да бидете слаби!. Немојте да бидете глупи! Немојте да бидете ПАНИКАН (нова партија составена од слаби и глупави луѓе!). Биди силен, храбар и трпелив – и ГОЛЕМИНАТА ќе даде резултат!, објави Трамп на „Трут“.

Трамп ги предупреди и странските влади дека ќе мораат да издвојат многу пари за да ги укине царините, кои ги нарекува „лек“

Поврзани вести