Skip to main content

Најмлада во историјата: Каролин Левит е новата за портпаролка во Белата куќа

Каролин Левит (27) е именувана за нова портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп, што ја прави најмладата личност на оваа позиција во историјата на Белата куќа. Последен пат некој помлад од 30 години ја извршувал функцијата во 1969 година, за време на мандатот на претседателот Ричард Никсон, јавува Би-би-си.

Трамп по нејзиното назначување рече: Каролин Левит направи феноменална работа како прес-секретар за мојата кампања, и со задоволство можам да објавам дека ќе служи како прес-секретар во Белата куќа. Каролин е паметна, цврста и се покажа како многу ефикасен комуникатор. Имам голема доверба во неа дека ќе биде брилијантна во оваа улога и ќе помогне да ја пренесеме нашата порака до американскиот народ.