Skip to main content

Најмалку тројца загинати во руските напади врз Украина

При напад со беспилотно летало во градот Билопиља, во регионот Сумски што се граничи со Русија, загинаа двајца мажи. Украинската армија соопшти дека е погодена населба на пет километри од границата со Русија.

Во регионот Дњепропетровск има една жртва и четворица повредени, објави на Телеграм началникот на регионалната воена администрација, Олександр Ганџа.

Тој додаде дека „непријателот гранатираше четири области со беспилотни летала и артилерија“.

По руските напади пожар избил и во родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кривој Рог.

Најмалку три лица загинаа во синоќешните руски напади врз украинските региони Сумски и Дњепропетровск.

При напад со беспилотно летало во градот Билопиља, во регионот Сумски што се граничи со Русија, загинаа двајца мажи. Украинската армија соопшти дека е погодена населба на пет километри од границата со Русија.

Во регионот Дњепропетровск има една жртва и четворица повредени, објави на Телеграм началникот на регионалната воена администрација, Олександр Ганџа.

Тој додаде дека „непријателот гранатираше четири области со беспилотни летала и артилерија“.

По руските напади пожар избил и во родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кривој Рог.(МИА)

Поврзани вести