
Масовен украински ракетен напад оштети енергетска инфраструктура во руската Белгородска област, на границата со Украина, вклучително и во градот Белгород, соопштија локалните власти.
Според информациите, нема жртви, но прекинати се снабдувањето со електрична енергија и со вода.
Не се објавени дополнителни детали за нападот и за обемот на штетата. (МИА)

Македонски



