Skip to main content

Минатата година Република Кипар ја посетиле над 4,5 милиони туристи

Dimitris Vetsikas from Pixabay

Во периодот јануари – декември 2025 година, Република Кипар ја посетиле 4.534.073 туристи, односно за пола милион повеќе споредбено со истиот период во 2024 година, што претставува зголемување од 12,2 отсто, според официјалните податоци од кипарската служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

Анализирајќи ги податоците за лани, кипарскиот сајт „Економи Тудеј“ коментира дека „минатата година Кипар прими број на туристи што е четири и пол пати поголем од сопственото население“.

Зголемување на бројот на туристи има и во декември 2025 година, споредбено со истиот месец една година претходно.

Поконкретно земјата ја посетила 156.959 туристи, бројка што е за 18 отсто повисока од декември 2024 година.

Најбројни во декември биле туристите од Израел со 19,1 отсто од вкупниот број пристигнувања и од Велика Британија со 19 проценти, а потоа следат посетителите од Полска, Германија и Грција.

Повеќе од половина посетители (56,4 отсто) во декември 2025 година во Република Кипар биле на одмор, за 32 отсто целта на патувањето била да посетат пријатели или роднини, а 11,3 отсто биле на службено патувања.

Поврзани вести