
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, истакна дека Германија поминува низ структурна економска криза, пренесува Блумберг.
Го кажувам ова и како самокритика – оваа задача е посложена отколку што некој можеше да замисли пред една година. Не поминуваме само низ период на економска слабост, туку поминуваме низ структурна криза на нашата економија“, изјави Мерц

Мерц, зборувајќи пред членовите на неговаа партија, додаде дека „никој не треба да има илузии по оваа недела за тоа колку се длабоки и обемни проблемите со кои се соочува Германија“.
Водечката економија во Европа се соочува со проблемот на постојано високи цени на енергијата по почетокот на конфликтот во Украина и воведувањето трговски тарифи од САД, истакнува Блумберг