Skip to main content

Маск: Злобните идиоти избраа погрешно возило

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, најави дека ќе ја разгледа можноста за поднесување тужби против медиумите поради нивното покривање на експлозијата на сајбер камионот што се случи пред хотелот Трамп во Лас Вегас во средата. Конзервативниот активист Роби Старбак сподели напис на Business Insider на X во кој инцидентот е опишан како „експлозија на сајбер камион“.

„Маск треба да размисли да ги тужи медиумите затоа што ја обликувале приказната на овој начин. Овие наслови ја саботираат марката Tesla со тоа што ги тераат луѓето да мислат дека Cybertruck се запалил. Има околу еден пожар во возило на Tesla на секои 130 милиони возени милји. Другите автомобили горат на секои 18 милиони милји“, напиша Старбак.

„Можеби е време да го направиме тоа“, напиша Маск како одговор на сугестијата дека размислува за тужба, пренесува Политико.

Според написите, возач загина, а седум лица се повредени кога возилото – наполнето со канистри со гориво – експлодирало на Нова година. Човекот кој го изнајмил сајбер камионот бил активен припадник на специјалните сили на САД и се застрелал во главата пред експлозијата, потврдија полициски претставници.

Маск, милијардер кој е близок соработник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, го критикуваше медиумското покривање на инцидентот и ја бранеше безбедноста на возилото во серија објави на неговата социјална мрежа Х.

„Фактот дека ова беше сајбер камион навистина ја ограничи штетата што се случи во возилото, бидејќи поголемиот дел од експлозијата помина низ возилото и надвор“, рече шерифот на полицијата во Лас Вегас, Кевин Мекмахил за време на прес-конференција оваа недела.

Маск повторно објави видео од конференцијата, пишувајќи: „Злобните идиоти избраа погрешно возило за терористички напад. Сајбер камионот всушност ја запре експлозијата и ја насочи експлозијата нагоре. Ниту стаклените врати од лобито не беа скршени“.

Поврзани вести